/ ПРОДАЖБА / Најчесто поставувани прашања
Валидност на состојбата со лагер

Лагер листата на сајтот се ажурира автоматски, Сајтот ја користи Cloud платформата МЕРП, која овозможива секоја промана за артиклите вклучувајќи го и лагерот, веднаш да се гледа афтоматски на Веб сајтот.>

On-Line порачки

Во моментов сеуште не постои можност плаќање со кредитни картички. Направената нарачка се праќа на Емаил, и за кратко време по извршената нарачка ќе бидете контактирани со цел специфицирање на начинот на плаќање и достава на нарачаните производи.

Политика на приватност

Политиката на приватност на www.medianet.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.medianet.mk, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на РС Македонија.